Пет компании се пласирале во вториот круг за концесионерство на два патни правца во земјата. Hаредната недела ќе почне вториот дел од постапката. Под концесија се даваат источниот патен правец од Миладиновци - Штип- Кочани и дел од Коридорот 8 кон Крива Паланка и патниот правец Скопје - Блаце. Во март ќе се знае кој ќе управува и кој ќе ги гради патиштата. Министерството за транспорт и врски идната година ќе продолжи со доизградба на уште 150 регионални и локални патишта, од вкупно планираните 200.
Пет компании се пласирале во вториот круг за концесионерство на два патни правца во земјата.
Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски, најави дека наредната недела ќе почне вториот дел од постапката.
„Под концесија се даваат источниот патен правец од Миладиновци - Штип- Кочани и дел од Коридорот 8 кон Крива Паланка и патниот правец Скопје - Блаце. Во март ќе се знае кој ќе управува и кој ќе ги гради патиштата“, најави Јанакиески.
Министерството за транспорт и врски идната година ќе продолжи со доизградба на уште 150 регионални и локални патишта, од вкупно планираните 200.